Протестите против владата на премиерот Бојко Борисов продолжуваат а илјадници луѓе продефилираа по улиците во текот на викендот и понеделник. Синоќа, за време на демонстрациите во Софија имаше немири: Група демонстранти се обиде да влезе во поранешниот штаб на поранешната владејачка Комунистичка партија, во која сега се сместени канцелариите на парламентарците..
Демонстрантите ја разбиле влезната врата, но биле запрени од полицијата за да не можат да влезат во зградата. Уапсени се шест демонстранти, рече заменик директорот на СДВР, Антон Златанов.
Демонстрантите бараат оставка на премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Опозиционите социјалисти (порано БКП) најавија гласање за недоверба во Националното собрание против владата за наводна корупција. Тие ги повикаа Бугарите да протестираат пред зградата на парламентот за да го поддржат нивниот потег.
Гласањето се очекува да се одржи следната недела. Сите претходни гласања на недоверба беа отфрлени од владејачкото мнозинство.
Премиерот Борисов викендов изјави дека неговата влада нема да даде оставка. Вчлера и министерот за финансии Владислав Горанов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов исто така изјавија дека владата нема да се повлече. Следните редовни парламентарни избори ќе се одржат во март 2021 година.
Масовното присуство на полицијата синоќа спречи насилството да ескалира откако демонстранти фрлија импровизирани експлозивни средства при што двајца демонстранти и двајца полицајци биле повредени.
Демонстрантите извикува „Мафија!“ Тиенајавија продолжување на протестите, пишува Шпигел.







