Русија е во војна не само со Украина, туку и со целата ЕУ, a таа во моментов губи, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез во интервју за Политико.
Рускиот претседател Владимир Путин „ја користи енергијата како воена алатка“ бидејќи е загрозен од вредностите на ЕУ, изјави Санчез од Њујорк, каде што повеќе од 150 шефови на држави и влади се собираат на Генералното собрание на Обединетите нации.
Но, додека Путин успеа да ја зголеми цената на енергијата во Европа – принудувајќи масовни интервенции на пазарот за да се намали финансиската болка на домаќинствата и компаниите, Санчез инсистира на тоа дека Москва всушност ја „принуди“ ЕУ да работи заедно.
Според Санчез, блокот учи од последователните кризи што го мачат континентот од 2008 година, при што шпанскиот премиер како најнов пример за овој тренд ги наведе договорите меѓу владите на ЕУ за здружување на долгот, координирање на инвестициите во одбраната и одвикнување од руската енергија.




