Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Македонија.
Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.
Посетата на државава е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.







