Шпански експеримент: По концерт за 5.000 луѓе, само 2-ца добија корона

Шпанските научници констатираа дека нема зголемено ширење на коронавирусот кај лицата што минатиот месец присуствуваа на голем експериментален концерт во Барселона на кој присуствуваа 5.000 луѓе.



Шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена по концертот, но инциденцата е помала од онаа што ја има кај општата популација, објави Би-би-си.

Експерименталниот концерт требаше да се утврди дали е можно животот да се врати во нормала по ваква пандемија. Сите присутни прво беа тестирани и за цело време носеа маски, но не мораа да одржуваат растојание едни од други.

Од шесте лица што се заразиле по концертот, научниците заклучиле дека четворица од нив биле заразени на друго место, а не на самиот настан.

Ништо не сугерира дека пренесувањето на вирусот се случило за време на настанот“, изјави експертот за инфективни болести Хосеп Марија Либре на прес-конференција во вторникот.