Шпанска Марка со 10 причини зошто Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја освои 10. титула на Австралија опен и 22. Грен слем трофеј во кариерата, откако во финалето во Мелбурн го победи Гркот Стефанос Циципас по три сета со 6:3, 7:6, 7: 6.



Ѓоковиќ победи по два часа и 56 минути за да ја освои 10. титула во Мелбурн и 22. Грен слем трофеј во кариерата и се изедначи со рекордерот Шпанецот Рафаел Надал.

Исто така, Ѓоковиќ со денешниот триумф се врати на првото место на АТП листата.

Медиумите ширум светот на големо пишуваат за големиот подвиг на српскиот тенисер, а особено интересен беше написот на шпанска Марка со наслов „10 причини зошто Новак Ѓоковиќ стана најдобар тенисер на сите времиња“.

Марка, која традиционално го фаворизира Рафа Надал, не можеше а да не ги забележи фактите кои го поткрепуваат фактот дека Ѓоковиќ со денешниот триумф стана најдобриот тенисер на сите времиња.

Еве ги сите аргументи на Марка:

1. Новак ја освои 22-та титула на Грен слем турнирите, израмнувајќи се со претходниот рекордер Рафа Надал.

2. Најмногу недели на број 1 на АТП листата (373).

3. Најголем број на постигнати поени во една сезона (во 2015 година постигна 16.785 поени).

4. Најмногу трофеи по бројот на освоени Мастерс 1000 турнири (37).

5. Единствениот тенисер со сите девет турнири од Мастерс 1000.

6. Најстариот тенисер со 10 Грен слем после 30 години.

7. Најодликуваниот тенисер со шест АТП Мастерс купа, заедно со Роџер Федерер (шест).

8. Новак Ѓоковиќ е најдобар во директните дуели со Рафа Надал (30:29) и Роџер Федерер (27:23).

9. Најдобар процент на освоени натпревари (83,50 проценти, 1043 од 1249 натпревари).

10. Најмногу освоени титули (93) од сите активни играчи, Надал има 92.

Сосема доволно, гласно и јасно.