Шпанија во шок: Пронајдено тело на 6-годишно девојче врзано за сидро

Полицијата сè уште трага по маж кој веројатно ги киднапирал неговите две ќерки, го ставил телото на 6-годишната Оливија во спортска торба и го врзал за сидро на морското дно.



Томас Гимено ги зел своите две ќерки, но не ги вратил како што беше договорено со нивната мајка Беатриз.

Беатриз потоа добила низа телефонски повици од сопругот кои ја предупредувал дека повеќе нема да ги види девојчињата.

Илјадници луѓе протестираа на улиците на Шпанија изразувајќи тага и гнев откако спасувачите пронајдоа тело на девојче (6) врзано за сидро во водите околу Тенерифе. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по нивната помала сестра, едногодишната Ана, откако го пронајдоа телото на нејзината постара сестра Оливија.

Таткото исто така ја води за исчезнат.

Во Мадрид илјадници луѓе се собраа на „Порта дел Сол“ извикувајќи „Тие не се луди, тие се убијци“, алудирајќи на родителите кои ги убиле своите деца.

„Цела Шпанија е во шок, целата наша поддршка е за оние чија болка е апсолутно неподнослива и незамислива, ние силно го отфрламе сексистичкото насилство, што некои сè уште го негираат во нашата земја“, рече премиерот Педро Санчез.

Телото на Оливија е пронајдено во спортска торба, врзано со сидро, во близина на местото каде пловел бродот на нејзиниот татко.