Шпанската влада прогласи вонредна состојба поради коронавирусот.
Според најновите податоци, во светот од инфекцијата починале над 5.000 луѓе, а заразени се 134.000.
Експертите предупредуваат дека по Кина и Италија, Шпанија, исто така, веројатно ќе стане ново жариште на вирусот.
Во Шпанија досега се регистрирани 4.209 случаи, а 120 лица починале. Она што загрижува е што во последните 12 часа имало дури 53 смртни случаи и дури 1.000 заразени, при што надлежните укажале дека овој наплив на вирусот корона е „многу загрижувачки“.






