Шпанија не доби влада, втор обид во вторник


Како што берше најавено привремениот шпански премиер Педро Санчез денеска не доби согласност од шпанскиот Парламент за формирање левичарска коалициска влада.



13 пратеници од про-независноста Esquerra Republicana de Catalunya (ЕРЦ) најавија дека ќе се воздржат, но дека ќе му дадат поддршка на Санчез во вториот круг гласање за новата влада.

Најголемата сепаратистичка партија на Каталонија ќе го поддржи премиерот Педро Санчез да формира ја формира идната влада во Мадрид, но за возврат бара разговори за независност на овој регион од Шпанија.

Санчез ќе има втора можност во вторник да добие поддршка за формирање влада на неговите социјалисти и левичарската партија „Обединети можеме“, прва коалициска влада во Шпанија по смртта на диктаторот генерал Франциско Франко во 1975 година.

При гласањето во парламентот Санчез денеска освои 166 гласови, а за потребното мнозинство му требаат 176.

Санчез ја предводи техничката влада помалку од една година.