Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, утре ќе учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, но се очекува да нема да има симболи на Косово бидејќи Шпанија не го признава.
Уште 4 земји покрај Шпанија – Грција, Романија, Кипар и Словачка – не го признаваат Косово.
Последен пат тогашниот претседател на Шпанија, Маријано Рахој, беше поканет на таков собир во 2018 година во Софија, но тој одлучи да не присуствува поради учеството на претставниците на Приштина, потсетува каталонскиот весник „Ел Периодико“.
На тој самит, беа отстранети сите симболи на Косово, и тоа, по барање на Шпанија, што може да се повтори утре во Словенија, пишува каталонскиот весник.
Шпанската влада објави дека оваа недела самитот не се одржува за да се зборува за можноста за проширување на членството, туку за односите на Европската унија со земјите од Западен Балкан.






