Шпанија ќе го ратификува Протоколот за НАТО до крајот на март

Министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека Шпанија ќе го ратификува пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО, до крајот на март.



Димитров вчера беше во Мадрид каде имаше средба со министерката за надворешни работи, Аранча Гонзалес, и со претседателката на Долниот дом на шпанскиот парламент. Маричел Батет.

„МНР Гонзалес на првиот ден како министер го доставила пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО до шпанската влада. Утре протоколот е пред Комитетот за надворешни работи, а идната недела ќе биде на пленарна седница. Потоа постапката ќе продолжи во Сенатот. Се очекува дека ратификацијата ќе се заврши најдоцна до крајот на март“, објави Димитров на Фејсбук.

Македонското Собрание пред распуштањето веќе го ратификуваше членството во НАТО со одложено дејство и тоа ќе стапи во сила кога тоа ќе го стори и Франција, а потоа процедурата ќе биде верификувана во Вашингтон.