Косовскиот премиер Албин Курти рече дека оваа година се очекува пет земји-членки на ЕУ да ги направат првите чекори кон признавање на независноста на Косово.
Според порталот Косово онлајн, Курти рекол дека Косово е во контакт петте членки на Еу кои досега не го признаваа.
„Во интензивни контакти сме со пет земји кои не не признаваат: Шпанија, Словачка, Грција, Романија и Кипар. Оваа година тие ќе направат големи чекори кон признавањето на Косово“, рече Курти, пренесе Б92
Курти рече и дека Косово годинава поднесе барање за членство во Европската унија и оцени дека би било многу Косово да биде примено во програмата Партнерство за мир на Советот на Европа и НАТО.
По барањето на Украина итно да биде примена во ЕУ, косовскиот парламент му нареди на раководството да побара влез во Унијата и НАТО.






