Шпанците против помилување на каталонските сепаратисти

Десетици илјади луѓе демонстрираа вчера во главниот во Мадрид, во неделата против планираното помилување на каталонските сепаратисти од страна на левичарската влада на премиерот Педро Санчез, јави ДПА.



Конзервативната асоцијација „Унија 78“ повика на демонстрации а опозицискиот лидер Пабло Касадо од конзервативната Народна партија го повика Санчез „да не го продава единството на Шпанија“. В

Врховниот суд на Шпанија отфрли помилување за каталонските сепаратисти кои се осудени за каталонскиот референдум за независност во 2017 година.

Малцинската влада на Санчез зависи токму од каталонските сепаратисти кои му обезбедуваат мнозинство во парламентот.

Планот е ризичен за Санчез, бидејќи затворениците се залагаат за отцепување на Каталонија, а помилувањето е непопуларно во остатокот на Шпанија.

Дванаесет каталонски политичари беа осудени на казна затвор до 13 години, а тогашниот шеф на регионалната влада, Карлес Пуџдемон, во последен момент избега во странство.