Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје од каде ја започнува својата балканска турнеја за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.
Пред македонската Влада тој беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, а двајцата на средбата разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Пред состанокот , претседателот на Владата му подарил дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.
-Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, стои во објавата на премиерот пред најавената средба со високиот советник на Стејт Департментот.






