Шолц во Софија: Не е лесно да се надминат историските проблеми

„Се договоривме двете влади (во Софија и Скопје – н.з.) да продолжат да работат, а бугарската влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се исполнат за да се оди напред“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничката прес конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, денеска во Софија.



Претходно двајцата премиери имаа разговор во четири очи.

Тој рече дека заедно со Шолц разговарале за проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Македонија.

Од своја страна, Олаф Шолц истакна дека Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските проблеми.

Германија силно го поддржува договорот за пристапување на РСМ и Албанија во ЕУ, пренесе БГНЕС.

„Ќе ја продолжиме дискусијата и размената на мислења до крајот на француското претседателство. Заедно, Европејците се одговорни за стабилноста на Балканот“, рече германскиот канцелар.

„ Наша задача е да не ги изневериме надежите“, рече тој.