Шолц во Косово: Земји кои взаемно не се признаваат – не можат во ЕУ

Во Европската унија нема место за земјите што не се признаваат меѓусебно и дека патот на Косово кон ЕУ е поврзан со дијалогот со Србија, изјави денеска во Приштина германскиот канцелар Олаф Шолц кој ја започна балканската турнеја за време на која ќе ги посети и Белград, Скопје и Белград



„Косово и Србија треба да доведат до политички решенија преку сеопфатен договор. Дијалогот е пат кој отвора европска перспектива за Косово. Политичкиот договор меѓу двете земји е важен услов за перспективата на младите во Косово. Договорот на крај би требало да го реши косовското прашање бидејќи е незамисливо две земји што не се признаваат меѓусебно да станат дел од ЕУ. Двете страни мора да се приближат една до друга“, рече Шолц на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти, пренесе РСЕ.