Шолц уште му е лут на Зеленски

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека одлуката на Украина минатиот месец да не се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го „спречува“ неговото патување во Киев, според европското издание на американскиот весник Политико.



За време на посетата на Варшава во средината на април, на Штајнмаер му беше кажано дека не е добредојден во Украина, бидејќи владата предводена од претседателот Володимир Зеленски го обвини дека има блиски врски со Кремљ.

Зеленски се вади дека не ја одбил посетата на Штајмајер

Уште тогаш Шолц изјави дека тоа што Штајнмаер не бил примен таму е „иритирачки“ Тоа не е прифатлив начин да се однесуваме кон претседателот на „земја која обезбедува толку многу воена помош, толку многу финансиска помош што е потребна кога станува збор за безбедносните гаранции кои се важни за Украина во иднина“, рече Шолц во интервјуто за јавниот телевизиски оператор ЗДФ.

„Фактот што на претседателот на Сојузна Република Германија… му беше одбиена поканата, го комплицира прашањето“, рече Шолц за можното патување во Киев.

Канцеларот, меѓутоа не ја исклучи можноста за средба со рускиот претседател Владимир Путин доколку биде поканет на самитот на Г-20 во Индонезија во ноември.

„Ќе одлучиме за ова кога ќе дојде време“, рече тој.