Шолц упорно против бојкот на руските енергетски извори

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергетски извори поради рускиот напад врз Украина.



Шолц зјави дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие се одразуваат на економијата на таа земја и дека сето тоа „само секој ден ќе биде подраматично“.

Во исто време, санкциите се дизајнирани да бидат „подносливи“ за оние кои ги воведуваат, вклучително и на долг рок, додаде тој.

„Затоа ставот на Германија останува непроменет за енергетското прашање“, рече Шолц.

Канцеларот изјави дека другите земји во Европа се уште повеќе зависни од руската нафта, јаглен и гас отколку Германија и дека „никој не треба да биде изоставен кога станува збор за ова прашање“.