Русија нема да ја добие својата војна во Украина, а условите за каков било мир не треба да ги диктира рускиот претседател Владимир Путин. Ова го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, цитиран од Ројтерс.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека планот на Русија да ја заземе цела Украина е „подалеку денес отколку што беше на почетокот“ на нејзината инвазија на 24 февруари, бидејќи Украина постави импресивна одбрана“ рече Шолц.
Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина.
„Нема да има диктиран мир. Украина нема да го прифати ова, ниту ние“, рече Шолц.
Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема да и ја отстапи својата територија на Русија во име на мирот како што тоа го предложи поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.






