Шолц паднал додека џогирал


Германскиот канцелар Олаф Шолц паднал додека џогирал и си го повредил лицето.



Поради тоа тој ги откажа средбите планирани за викендов, соопшти германската влада.

Во профилот на веб-страницата на неговата партија, Шолц напиша дека го мразел спортот кога бил на училиште, но дека го засакал под влијание на неговата сопруга Брита Ернст.

„Денес џогирам онолку често колку што можам“, изјави тој на веб-страницата, а во истиот дел се наведува дека се труди да најде време за трчање, веслање или пешачење два или три пати неделно, како и да ужива во возење велосипед. .

Шолц е германски канцелар од декември 2021 година, а претходно беше министер за финансии и градоначалник на Хамбург.