Европската унија треба да ги модернизира своите процеси за да им овозможи на земјите кандидати да се зачленат полесно, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Според него,нема да биде можно сè што денеска се решава едногласно да продолжи да се одлучува слично во иднина.
Шолц вели дека ЕУ треба да се подготви за проширување на блокот и притоа да ги модернизира своите структури и начинот на одлучување.
„За ова да се случи, ЕУ треба да ги модернизира структурите за носење одлуки и процесите. Нема да биде можно за сè што се одлучува денеска едногласно да се одлучува на сличен начин во иднина“, кажа Шолц во интервју за ДПА.
Шолц вели дека ќе ги презентира своите предлози на состанокот на Европскиот совет следната недела.






