Социјалдемократската партија на Германија (СПД), во најновото истражување на јавното мнение бележи голем пад на популарноста и за прв пат се најде зад партијата на Зелените, коалицискиот партнер во владата.
Најголема доверба кај испитаниците ужива ЦДУ со 27 отсто. Зелените се на второ место со 21 отсто, додека на трето место е партијата на канцеларот Олаф Шолц со 20 отсто.
На четврто место во анкетата објавена во „Билд“ е десничарската партија Алтернатива за Германија, која во моментов би можела да се надева на 10 отсто од гласовите на наредните избори.





