Само по договор меѓу Русија и украинската страна, санкциите против Русија можат да бидат укинати , изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“.



Москва „ќе мора да постигне договор со Украина“, рече Шолц, пренесуваат медиуми.

„Можеме и ќе ги укинеме нашите санкции само во договор со Украина. Мислам дека многумина во Кремљ сè уште не го сфатиле ова. За Русија, ова има катастрофални последици“, рече тој.

Шолц додаде дека само Украина може да преговара за мировен договор со Русија и „никој друг“.

„Не треба други да носат одлуки за Украина или во име на Украина“, истакна Шолц.