Шолц „исвиркан“ на собир каде ја бранеше воената помош за Украина (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц беше исвиркан од демонстранти за време на говорот на собирот на неговата партија во Фалкензе во близина на Берлин каде Шолц го бранеше испраќањето помош за Украина.



За време на говорот на Шолц на 2 јуни, демонстрантите извикуваа фрази како што се „воен поттикнувач“, „губи се“ и „Создадете мир без оружје“.

Шолц возврати велејќи им на вознемирувачите дека рускиот претседател Владимир Путин е вистинскиот креатор на војна и ако „има некаква смисла“ нека му викаат нему, јавува Радио Слободна Европа.

Шолц, исто така, јасно стави до знаење дека не гледа алтернатива за поддршка на Украина, не само во принцип туку и со оружје, со оглед на целосната инвазија од страна на Русија.