Шолц го убедувал Путин дека за 30 години Украина нема шанси за НАТО

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште пред да почне војната во Украина му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Киев би бил блокиран да влезе во НАТО цели 30 години.



Со оваа реченица тој сакал да ја увери Москва во добрите намери на воениот блок, пишува РТ.

За време на викендот, германскиот лидер откри некои детали од неговите разговори со Путин. Тој додаде дека сега верува дека Русија цело време се  обидувала да ја „освои својата соседна земја“.

– НАТО никогаш не бил закана за Русија – му рекол Шолц тогаш на Путин.

Канцеларот не прецизираше на кој разговор се однесува ова, иако Шолц се сретна со Путин во Москва во средината на февруари.

ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК