Германија нема да го поддржи предлогот на некои европски земји кои ги повикаа членките на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани за да не можат да летуваат во Европа додека Москва е во војна со Украина, пренесуваат медиуми.
Финска и Данска сакаат одлука на ЕУ, а некои земји од ЕУ кои граничат со Русија повеќе не им издаваат визи на Русите.
„Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Путин и ние мора да бидеме многу јасни во врска со тоа“, изјави германскиот канцелар Шолц, додавајќи дека е важно да се разбере дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.
„Сите одлуки што ги носиме во рамките на ЕУ не треба да го отежнуваат одењето до слобода и напуштањето на таа земја“, рече Шолц.







