
Со денешната посета на Косово, германскиот канцелар Олаф Шолц ја почнува турнејата на Балканот во текот на која ќе ги посети и Србија, Македонија и Бугарија.
Оваа прва посета на Шолц на Балканот е дел од напорите за решавање на замрзнатите спорови, а главната цел на неговата мини-турнеја е да ги помести политичките блокади од мртва точка, оценуваат посматрачи.
Освен разговорите со официјалните претставници на Косово ќе ги посети германските војници на КФОР, по што заминува за Белград.
Германскиот канцелар утре во Скопје, и пред да замине за Софија, ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации.
Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.
Во Берлин е најавено дека Шолц ќе учествува и на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун.






