Шолц: Дали е етички да се дава оружје на Украина

Доставувањето тешко оружје за Украина покренува тешки политички и етички прашања за кои треба да се разговара, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за време на католичкиот конгрес во Штутгарт.



„Знам дека ова покренува тешки прашања: политички, етички, лични. Прашања за кои жестоко се дебатира. Прашање е дали насилството може да се надмине со насилство или дали е можно да се постигне мир без оружје. Таквите прашања може и треба да се дебатираат“, нагласи тој.

Коментарот на Шолц дојде откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека на Украина и треба тешко оружје од Западот за да спречи дополнителни смртни случаи меѓу нејзините војници и цивили.