Ова вчера го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Дојче веле.
„Апсурдно“ е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го обвинува Израел за фашизам, вели Шолц.
Тој инсистираше на тоа дека Израел е демократија и „држава која е обврзана со човековите права и меѓународното право и постапува соодветно“ и ги отфрли обвинувањата како апсурдни.
Шолц во петок треба да го пречека Ердоган во Берлин на разговори.
На 10 ноември, Ердоган рече дека легитимитетот на Израел е под „сомнеж“ поради „фашизмот“ во земјата.
Турскиот претседател е остар критичар на израелската војна против екстремистичката група Хамас, која започна минатиот месец.
Член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и двајца адвокати поднесоа кривична пријава до Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, јави Си-Ен-Ен Турк.
Тие бараат на Нетанјаху да му се суди за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.







