Шокантно: За време на Анкетната комисија Ковачевски наложил уништување на материјали од Онкологија (ФОТО)

За време на работата на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија премиерот Ковачевски наложил уништување на материјали од клиниката.



Откако екс директорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија пред Анкетната комисија изјави дека во подрумите на клиниката се чуваат сите докази за дадените лекарства на пациентите владата донесла одлука со која се уништува или рециклира отпад на клиниката.

Извори во владата велат дека одлуката е донесена на 7 ноември откако станало јасно дека проверка на тоа што стои како отпад на клиниката за Онкологија може да расчисти многу работи.

Крајно чудна е одлуката на Ковачевски да го уништува отпадот од Онкологија кога во него може да се најдат докази за криминал или осомничените да бидат ослободени од сомнежот, велат владините извори кои предупредуваат дека со одлуката потпишана од премиерот може да се уништат важни докази.

Тие го повикуваат јавното обвинителство да го спречат Ковачевски да го уништи отпадот од Онкологија со цел да се зачуваат можните докази за скандалот.