Владата на СДСМ преку свој висок функционер вршела (не)дозволен увоз на опасно масло, кое е забрането во ЕУ.
Во периодот додека Владата на Зоран Заев спроведуваше кампања дека името е последната пречка за влез во ЕУ во земјава влегувале опасни канцерогени материјали кои го загадувале воздухот и предизвикувале сериозни последици по јавното здравје.
Ова го открива серијалот на ИРЛ “Редакција” во својата прва епизода. Во неа се открива една од најголемите македонски тајни во последниве неколку години поради кои илјадници луѓе починаа или имаат здравствени последици.
“Дали ја гледаше епизодата „Заговор против воздухот“ која разоткрива малверзации околу загадениот воздух?
Имаш право да знаеш кој профитира и кој стои зад незаконските набавки на токсичен мазут. Ако ова ти изгледа шокантно, погледни ја целата епизода”, пишува во најавата на ИРЛ.






