Шокантно откритие на адвокатот Тортевски зошто Македонија нема ковид вакцини

Адвокатот Александар Тортевски тврди дека Владата направила грешка со нарачка на вакцини и затоа во земјава се уште нема Ковид-19 вакцини.



“За да обезбеди вакцини Владата до 28.9. морала да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9.10. да уплати аванс. Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од јавашлукот ќе биде илјадници мртви, стотици илијади заболени и колапс”, пишува Тортевски кој е член на партијата Твоја и добро знае дека за ваква информација може да биде тужен што претпоставува дека не шпекулира односно дека има докази.