Expres.mk денеска објави дека во близина на селото Јегуновце кое е релативно близу до изворот Рашче од каде скопјани се снабдуваат со вода денеска бил забележан камион кој исфрла отпадни материи кои според очевидци можат да бидат опасни по здравјето на човекот.
Локацијата каде се случила хаваријата е во заштитената зона на изворот Рашче што значи дека овие отпадни материи можат да дојдат во контакт со водата која преку скопскиот водовод доаѓа до околу 500 илјади луѓе од пошироката скопска котлина.

Во видео кое до expres.mk го доставија очевидци се гледа дека во заштитената зона на Рашче се исфрла материја која може да биде многу опасна за здравјето на граѓаните ако дојде до контакт со водата од изворите Рашче.
Што влегува во заштитената зона на изворот Рашче?https://t.co/S3NnrLKQL0
— EXPRES.MK (@ExpresMK) December 22, 2022
Владата денеска не реагираше по првичната вест на expres.mk
Отпадни материи исфрлени во заштитената зона на изворот Рашче






