Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој е во конфликт со канцеларка Ангела Меркел околу имигрантската политика, одлучи да се повлече, изјавија за АФП изворите на Христијанско- социјалната унија (ЦСУ) во Баварија.
Хорст Зехефер ја објавил својата намера на состанок зад затворени врати во Минхен, доцна вечерва.
Претходно, весникот „Билд“, објави дека лидерот на ЦСУ , наводно, е незадоволен од заклучоците на Европскиот совет околу миграцијата.
Зехофер, исто така, го опиша планот на Меркел за намалување на приливот на мигранти во Германија за „несоодветен“ и тврди нејзините предлози не носат решение и туку „доведоа до повеќе А не помалку миграција“.
За министерот, единственото решение може да биде директно одбивање на мигрантите на германската граница.





