Шкотска догодина на референдум за независност!?

Премиерката на Шкотска, Николас Старџен најави план за одржување на нов референдум за независност на Шкотска кој би се организирал до крајот на 2-20 година.
Нејзината шкотска национална партија минатата недела победи на големо мнозинство на изборите во Велика Британија, обезбедувајќи 47 од можни 59 места во британскиот парлемент.
„Шкотска минатата недела јасно стави до знаење дека не сака влада на конзеравтивците предводена од Борис Џонсон, која ќе не изнесе од Европската унија“, изјави премиерката за новинарите.
Граѓаните на Шкотска на референдумот во 2014 гласаа со мнозинство од 55 отсто против отцепување од Обединетото кралство.



Но, Шкотланѓаните исто така сакаат да останат дел од ЕУ.

Премиерката на Шкотска ја повика британската влада во Лондон да ги пренесе овластувањата, дозволувајќи им на делегираната администрација во Единбург давтор референдум за независност.
Старџн изјави дека дои крајот на годината ќе побара формална дозвола од британската влада за одржување референдум што би се одржал во 2020 година.