Школската година за основците продолжена за три дена

Утре (9 јуни) завршува школската година за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни.



Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата.

Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.