Школската година ќе стартува на 1 октомври, најави Заев

Новата учебната година наверојатно ќе почне на 1 октомври, наjaви денеска мандаторот Зоран Заев.



„Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите. Ова го кажувам за да знаат граѓаните дека имаме комплетен план со анализи за образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје.

Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев, пренесе „Слобоен печат“.

Тој додаде дека на првата владина седница ќе се донесат измените на законите за образованието, кои потоа треба да поминат во Собранието.