Родителите се во исчекување, но и Министерството за образование и Бирото за развој на образованието до последен момент ќе ја чекаат процената на Комисијата за заразни болести, па потоа ќе решатдали во септември децата ќе се вратат во училиштата…



Во зависност од тоа дали ширењето на ковид-19 ќе букне или ќе се стабилизира, се разгледуваат три опции:

Според првото, сите основци се враќаат во во училиштена настава со физичко присуство.

Доколку поради короната се искомплицира ситуацијата, тогаш тогаш децата или ќе седат дома и ќе ја следат наставата преку компјутер или ќе одат во училиште во две смени.

Министерството за образование и наука, до последен момент нема да се знае како и според кое сценарио ќе почне учебната година, дознава „Слободен печат“.

Група родители, членови на фејсбук-групата „Поддршка за онлајн настава“, завчера побараа право на избор за следење на наставата по барање на родителот. Барањето го испратија до премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и до Владата.

Родителите образложија дека средината во којашто децата носат маски и одржуваат физичко растојание не само што е стресна, неповолна за развој, за социјализација и за едукација на учениците, туку и го овозможува натамошното ширење на вирусот.