Шќип медиа: Министер трошел по 210 евра дневно во бифе

Министерот за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа, за 6 месеци потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство.



Попрецизно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби.

„Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.