Шкендија ремизира со Динамо Киев! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија одиграа нерешено 1:1 со Динамо Киев во контролен натпревар во Анталија, па дури и водеа против двократниот освојувач на некогашниот Куп на куп-победниците и еднаш на Суперкупот на УЕФА, како и рекордер со 16 титули шампион на Украина и уште 13 пати првак на СССР!



Четирикратниот шампион на Македонија поведе преку косовскиот играч за врска Аденис Шалја по полуконтранапад во 26. минута, а израмни Владислав Ванат во 60. минута.

Ова е единственото реми на тетовските „црвено-црни“ во подготвителниот период, во кој славеа со 6:0 против Скопје, а во Анталија ги победија Динамо Батуми од Грузија со 2:0, Варта Познањ од Полска со 1:0 и Лиепаја од Летонија со 1:0.

Голот на Шалја против Динамо Киев по 1:24 минути од почетокот на видеото: