Шкендија демолира соблекувална и пее “сексуални пораки” (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија на неспортски начин ја прославија денешната победа на гостувањето кај Вардар (3-2).



Како што се гледа од видеото објавено од спорт1.мк направено во нивната соблекувална на арената „Филип Втори“ во Скопје фудбалерите и раководството на тетовскиот прволигаш го навредуваат противникот.

Покрај скандирањето “Ајде Вардар пуши ми го к..от”, Тетовци искршиле дел од опремата во соблекувалните.

Голем дел од играчите на Шкендија предходно играле за Вардар.