Предлогот на Комисијата за заразни болести во домовите да не може да се собираат повеќе од четворица гости е оправдан а во услови на пандемија примарно е јавното здравје, а на Уставот, вели универзитетскиот професор по уставно право доктор Светомир Шкариќ.



„Што е Уставот во однос на пандемија? Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење.

(…)Правото сега треба да молчи. Ние имаме нова околност, загрозување на целата нација. Ако една Америка не може да излезе на крај, што останува за малите народи, ќе исчезнеме како ништо ако не постојат светските усилби да се дојде до вакцината.

Ситно е да го толкуваме Уставот сега во вакви услови. Треба да се обединиме и многу проблеми да решаваме без правни средства. Да се види како да се спасиме и да ги почитуваме мерките“, вели професорот за ,,Слободен печат”.