Шинзо Абе во клиничка смрт по атентатот(ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на Токио Јоичи Масузое напиша во твит дека срцето на Шинзо Абе застанало откако тој бил застрелан во грб од околу три метри за време на митинг во јапонскиот град Нара.



Kyodo news пишува дека поранешниот премиер Шинзо Абе наводно не покажува витални знаци откако се здобил со прострелна рана . Напаѓачот пукал во него од зад грб со сачмарка

Според познатите информации напаѓачот е уапсен. Името на осомничениот е Тецуја Јамагами, (41) пишува Yomiuri Shinbun.