Шинзо Абе вели дека Зеленски сноси вина за војната во Украина

Ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за членството во НАТО и неговото одбивање да го реши конфликтот во Донбас доведоа до започнување на руска специјална операција во поранешната советска република, вели поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, во интервју за Економист.



„Ако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, прифатеше да вети дека неговата земја нема да влезе во НАТО или да даде висок степен на автономија на двете источни енклави, ќе беше можно да се избегнат непријателствата“, рече Абе.

Политичарот истакна дека ќе биде исклучително тешко да се постигне промена на позицијата на лидерот на Украина.

Според него, американскиот претседател Џо Бајден можеше да влијае на претседателот на поранешната советска република.

„Но, секако дека Зеленски би одбил“, заклучи Абе.