Потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас оценува дека Македонија, како и сите земји од регионот, се цврсто на патот кон ЕУ и дека процесот на европеизација на Балканот е неповратен.
„Сега е моментот кога регионот треба да биде европеизиран, наместо ЕУ да биде балканизирана, како што многупати се случувало во минатото, вели Схинас во изјава за МИА.
„с. Македонија е пример каде што мислам дека ЕУ не беше секогаш многу фер, бидејќи побаравме многу различни работи, а вие ги испорачавте.
Сега треба да преминеме на следното поглавје, а тоа е отворање на преговорите по поглавја и затворање на овие поглавја откако ќе ги спроведете уставните измени на кои се обврзавте.
Значи, сè на сè, позитивен момент за с. Македонија“, вели Схинас.






