Планирам повторно да се кандидирам и очекувам да победам, одговори градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на новинарско прашање околу кандидатурата за втор мандат како градоначалник.
„Останувам на истата позиција и пред започнување на шпекулациите, впрочем утре ќе се расчистат тие шпекулации и ќе видите дека не станува збор за градоначалник“, вели Шилегов околу шпекулациите дека СДСМ и ДУИ договориле заеднички кандидат за градоначланик на главиот град.
Претходно денеска и премиерот Зоран Заев рече дека убавата вест која утре требада ја соопшти лидерот на ДУИ, воопшто не се однесува на наводен заеднички кандидат за прв човек на Скопје на СДСМ и ДУИ.
Шилегов е изненаден од шпекулацијата и истакна дека потребно е да се внимава со пласман на вестите, особено за оние вести што некои центри свесно ги шират како лажни вести.







