Шилегов ставен пред свршен чин: Барање да покаже документи за градба

Петре Шилегов , објави документи, покажи дозвола за градба!
Ако ги имаш, ама ги немаш!



Ова барање до градоначалникот на Скопје го упати Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ откако Шилегов го нарече лага тврдењето дека во семејниот дом гради дивоградба.

“Наместо нарачани наслови во медиумите каде го нема “глаголот”, наместо притисок врз редакции, наместо да не им одговараш на телефони и смс пораки, покажи ја градежната дозвола.

Ајде да видиме дозвола, од кого е потпишана, каде се платени комуналии, кој се со тебе е заглавен во криминал?
Дали потпишал Богоев? Дали тој за урбанизам?

Еве и нешто плус- ДУПот од 2016 е поништен од Уставен; оспорен од НВО против токму ваква бетонизација. Богоев не донесе нов. А според тој од 2012, немаш дозвола за толкаво здание.
А градиш Петре нелегално баш според пишаното во поништениот ДУП!”, му напиша Стоилковски на Шилегов во пораката сонкоја ги повикува и граѓанскиот сектор, О2 и другите НВО коишто го оспорија ДУПот да излезат и побараат одговорност од Шилегов за “урбанистичкото дивеење”.

Шилегов најави дека ќе излезе на прес конференција откако Стоилковски ќе заврши со презентацијата на скандалот.