Шилегов со нови “епитети” за ривалите: По “луд, ненормален, шалабајзер” сега најде и “неук и лаик”

Откако предходно министерот за полиција Наќе Чулев и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски ги прогласи за “луд, ненормален, шалабајзер” градоначалникот на Скопје влезе во вербални навреди и на неговиот предходник Коце Трајановски.



Петре Шилегов не можеше да издржи и по неколку дена му врати на поранешниот татко на Скопје Коце Трајановски кој пресмета дека со оваа стапка на набавка на автобуси ќе му требаат 10 мандати за да го замени возниот парк на ЈСП.

Тој на Фејсбук му порача на Трајановски дека менувањето на флотилата на транспортно претпријатие е перманентна активност.

“Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива. Ние годинава менуваме 33, а за две години уште 60 автобуси. Со наши, градски пари. Не ни се поклон од државата.

П.С. На дуелот го учев англиски (не знае ни збор да бекне), а богами и математика. Еве сега нека учи (види) што е градски автобус.

П.П.С. За разликите во техничките карактеристики, спецификации и квалитет, веројатно не треба да се зборува.

П.П.П.С (П.С) е кратенка од англиски и се чита пост скриптум. Во превод на македонски значи: отпосле напишано. Ова, за ако го читаш сам постов. Да не бараш некој да ти преведува.

И да, Скопје продолжува. Во една друга, многу поинаква приказна, напиша Шилегов”, му напиша Шилегов на Трајановски кој важи за еден од најуспешните градоначалници на Скопје во историјата.