Шилегов се жали на загадениот воздух во Скопје

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, ноќеска околу полноќ се пожали за загадениот воздух во главниот град.



Тој на Фејсбук ги сподели показателитет на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „Go green…“.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови,објави „Плусинфо“.