Четврта година по ред градските служби го дочекуваат првиот снег во Скопје целосно подготвени, се пофали градоначалникот на Скопје Петре Шилегов иако досега, засега, а и од УХМР не нејавуваат снег во главниот град.



„Главните пешачки зони, како и градските улици и булевари се расчистуваат од снегот во исклучително кратки рокови, а општините ги чистат помалите улици кои се во нивна надлежност, пишува Шилегов на Фејсбук.

Градскиот татко потсетува дека „одржувањето на градот е колективна одговорност. Затоа, сите граѓани куќни совети и деловни објекти се должни да ги исчистат приодите до нивните домови, згради или дуќани снегот најлесно се чисти додека е свеж набавете сол за да го одржувате просторот сув внимавајте на лизгави површини за да се одбегне ризикот од повреда постапувајте совесно, со исполнување на својот дел од обврските ја зголемуваме колективната безбедност и чистиот и уреден изглед на #Скопје.