Шилегов сака уште еден мандат

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, најавува дека сака да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат и ќе бара поддршка од матичната партија СДСМ.



„ Јас сум човек што ги почитува постапките и процедурите и имајќи предвид дека сум политички претставник на политички партија ќе барам легитимитет да добијам од мојата партија. Очекувам дека таков легитимитет ќе добијам, а граѓаните сето ова што го работев изминативе години ќе го верификуваат на локалните избори“, вели за неговата кандидатура Шилегов во разговор за СакамДаКажам.МК